ВИДЕО: Непознат маж ја „нападна“ „Мона Лиза“ со торта

Маж, преправен во жена, со парче торта ја удри сликата „Мона Лиза“ на Леонардо да Винчи, јавуваат светските агенции.

За среќа, сликата не е оштетена, односно сликата на „Мона Лиза“ долго време е изложена само зад блиндирано стакло.

Мотивите за нападот се нејасни. Откако ја фрлил тортата, човекот извикал дека „Сите уметници треба да размислуваат за Земјата“.

Ова не е прв напад на Мона Лиза. Во 1911 година беше украдена, што придонесе за нејзината популарност. Сликата била откриена само две години подоцна.

Во 1950-тите, платното беше нападнато со сулфурна киселина, што предизвика значителна штета на делото. Во 1974 година, додека сликата беше во посета на Токио, жена ја испрска со црвена боја во знак на протест против тешко достапниот музеј каде што е изложена.

Во 2009 година, руски турист се обиде да ја поплави Мона Лиза со чај.