Ракетата експлодирала на само десетина метри од него, по што тој почнал да бега. Не е познато дали некој е повреден во оваа експлозија.
Во тек се жестоки руски напади врз главниот град на Украина, а меѓу жртвите има и цивили.
На социјалните мрежи се шири снимка од надзорна камера на која се гледа маж како поминува низ наменски изграден пешачки и велосипедски мост во Киев, познат како мостот Кличко, во моментот на наводниот руски напад.
Ракетата експлодирала на само десетина метри од него, по што тој почнал да бега. Не е познато дали некој е повреден во оваа експлозија.
Мостот е популарна туристичка атракција покрај бреговите на реката Днепар, со делови од подот направени од стаклени панели и прометен автопат под него, пишува Би-Би-Си.
The Bridge of Glass in the very heart of Kyiv pic.twitter.com/CvsRfTEAoJ
— Illia Ponomarenko 🇺🇦 (@IAPonomarenko) October 10, 2022