„Огнената група“ и „огнените момци“ пристигнаа во Мала Речица, јавува ТВ21. Според телевизијата, на самиот влез лидерот на ДУИ Али Ахмети не дал никаква изјава ниту најава за што ќе се разговара.
„Лидерот на ДУИ Али Ахмети само ги поздрави новинарите“, пишува ТВ21.
Пристгина и Муса Џафери кој најави дека ќе се водат разговори со лидерот на партијата за проблемите кои во јавноста беа откриени изминатите недели.
Тука е и Садула Дураки поранешен министер за животна средина кој пак не прозборе со новинарите на самито влез.