Вечерва во судот во Штип спроведени се сите пет осомничени за синоќешното убиство во кафе бар во Штип кадешто беше повреден 25-годишен државјанин на Турција кој подоцна во болница им подлегна на повредите.
Убиецот кој е исто државјанин на Турција е на 21-годишна возраст.
Откако го извршил делото, убиецот веднаш избегал од местото на настанот со возило „БМВ“, во кое биле присутни и уште четири лица.
Полициските единици, преку координирана акција, поставија неколку блокади на патот кон Скопјe за да го запрат возилото, додека покрај безбедносните сили, теренот бил следен и со дронови.
Кај наплатната рампа Миладиновци, возилото ја пробило полициската блокада и продолжило да се движи со голема брзина, но по кратко време било запрено.
Пиштолот што е употребен во убиството е пронајден. Обвинителството соопшти дека извршило увид на местото на настанот, ги обезбедило чаурите и другите траги што ќе бидат предмет на понатамошни испитувања, додека телото на жртвата е предадено на обдукција.