ВИДЕО Патнички авион слета на плажа!

Опасен инцидент се случи во Могадишу. Патнички авион „Фокер 50“ се лизна од пистата и заврши на брегот, објавува „Гароу онлајн“.

Авионот, управуван од локалната авиокомпанија „СтарСкај“, доживеа технички проблеми кратко по полетувањето од меѓународниот аеродром Аден Аде во Могадишу на лет до Галкајо. Иако авионот доби дозвола за итно слетување, се лизна од пистата, го прелета работ и се запре на плажа во близина на брегот.

Властите известуваат дека во авионот имало 55 патници и членови на екипажот. Сите биле евакуирани без сериозни повреди благодарение на брзата интервенција на спасувачките служби. Фотографиите од местото на настанот го покажуваат авионот како лежи на песочна плажа веднаш надвор од аеродромската зона. Истрагата за причината за лизгањето е во тек, а операциите на аеродромот беа накратко прекинати додека службите за итни случаи ја обезбедуваа областа.