ВИДЕО Перински одговара дали ќе биде кандидат за градоначалник на Град Скопје

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински не ја крие својата амбиција за евентуална кандидатура за градоначалник на Град Скопје.

Како што вели, досега немал разговор на оваа тема со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски.

„Не, немам разговарано. Чекаме да ги видиме анкетите, па потоа ќе биде одредено кој ќе биде кандидатот. Апсолутно би прифатил ваков предизвик и имам таква амбиција. Чим е искажано, значи ја посакувам. Но, да почекаме да видиме кого партијата ќе го предложи како нов кандидат за градоначалник на Скопје“, изјави Перински во „Click Plus“ на ТВ21.

Во однос на тоа, кој ќе биде идниот градоначалник, Перински кратко порача: „Со две раце потпишувам дека идниот градоначалник на Скопје ќе биде од ВМРО-ДПМНЕ“

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното