ВИДЕО Погоден кримскиот мост! Две лица загинаа: Се слушнале експлозии, се урнал дел од зграда?

Кримскиот мост кој го поврзува анектираниот полуостров со Русија беше погоден рано изутрината . Наводно, два удари биле извршени на мостот околу три часот наутро по локално време, при што е оштетен дел од структурата, јавува Телеграмскиот канал Сива зона.

Експлозиите се слушнале околу 3:04 часот и 3:20 часот по локално време. На видеата што на Телеграм ги објавија руските медиуми База, Сива зона и други кримски медиуми, се чини дека дел од мостот се урнал. Според првите извештаи, најмалку две лица загинале, а уште еден е ранет , објави База на Телеграм.

Руските државни медиуми објавија дека имало итен инцидент што го запрел сообраќајот, но нема официјална потврда за неодамнешните удари на мостот . На местото на настанот се испратени екипи на итната помош и полиција, пишува CNN. Според првичните информации, во инцидентот на мостот на Крим загина брачен пар кој патувал со автомобил, а нивната ќерка е повредена , изјави гувернерот на југозападната руска област Белгород.

https://twitter.com/anno1540/status/1680779506557042690?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1680779506557042690%7Ctwgr%5E45e54640a26da35d5d723377197b0ca3863693bb%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fmondo.rs%2FInfo%2FSvet%2Fa1806325%2FPogodjen-Krimski-most-dve-osobe-poginule.html

Девојчето има повреди со „средна тежина“ и е ставено под лекарски надзор, изјави гувернерот на Белгород, Вјачеслав Гладков. Руското Министерство за транспорт соопшти дека Кримскиот мост е оштетен и дека официјални лица во моментов вршат увид. е министерство во Телеграм.

Министерството не го спомна степенот на штетата на мостот. Претходно во понеделникот, шефот на Крим назначен од Москва, Сергеј Аксенов, рече дека имало „вонреден инцидент“ на мостот, поради што сообраќајот е запрен. Неколку телеграмски канали објавија напади на мостот, но нема официјална потврда.