ВИДЕО Први снимки од местото на убиството во Тетово, таткото е осомничен дека пред два дена го убил синот

ТВ21 вечерва објави ексклузивни снимки од Тетово, каде во моментов истражители трагаат по докази за убиството кое најверојатно се случило пред два дена во „Блок 70“ во Тетово.

Осомничен е таткото кој најверојатно пред два дена со ловечка пушка го убил својот син.

Таткото поради влошена здравствена состојба вечерва итно е префрлен во болница.

Сомнежите се дека пред два дена таткото го убил својот син, а случајот го пријавил пријател на жртвата бидејќи не се јавувал на телефон.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното