Во престрелката што се случи вечерва во Младеновац ранети се седум лица. Екипите се на пат кон Младеновац, неофицијално дознава Танјуг
На местото на инцидентот се и припадници на полицијата.
Според неофицијални информации има и повредени деца. Медиумите пишуваат и дека од автомобил во движење наводно било пукано од автоматска пушка и дека се се случило во селото Дубона.
Медиумите додаваат и дека полицаецот е тешко ранет.
Затворени се сите рампи на патот Белград – Младеновац….Во сила е полициската акција ВИХОР.
Како што пренесуваат медиумите, напаѓачот се уште е вооружен и пука во Младеновац. Тој побегнал кон Бегаљички брдо и полицијата е по него.
Како што неофицијално дознава Пинк, маж од возило во движење пука неселективно со калашникови. Според непотврдени информации меѓу ранетите има и деца.
На местото на инцидентот се и припадници на полицијата, а по младиот У.М., 21 година, е распишана потерница. Откако ги испукал истрелите побегнал со мерцедес.