ВИДЕО: Се намалуваат посевите со пченица поради ниската откупна цена

За 30% се намалени површините со пченица за разлика од минатата година. Откупната цена од осум денари производителите на пченица велат дека е многу ниска, откако ќе се одбијат трошоците за превоз. Бараат од владата да се изврши интервентен откуп.

„Цената на пченицата оваа година беше срамна и понижувачка за оние маченици што чекаат да го вадат лебот од оваа култура“, вели Вељо Тантаров.

Оваа година лебното зрно нема квалитет поради обилните врнежи во текот на летото. На некои места жетвата започна со задоцнување, а за една недела се очекува целосно да заврши.

Македонија веќе неколку години не може да ги задоволи своите потребите, па приморана е пченица и брашно да увезува од соседните земји. Сепак, земјоделците зад камерата на ТВ 21 признаваат дека има диви откупувачи од Грција кои им нудат повисоки цени, а причината за ниската цена во Македонија ја гледаат во големиот увоз.

„Причината за оваа состојба со пченицата е во преголемиот увоз на брашно од Србија, а јас ќе кажам, нека знае јавноста не само од Србија туку и од Косово. Во Косово постои најголемата мелница на Балканот, а косоварите немаат да произведат пченица ниту за кокошките“, додава Вељо Тантаров.

 Македонија во моментов има најниска откупна цена во регионот.

МАКЕДОНИЈА 7-8,5 денари

ХРВАТСКА 8,84 денари

СРБИЈА 9,12 денари

БУГАРИЈА 10,55 денари

Површините со пченица се намалуваат, бидејќи трошоците за производство се зголемуваат, а откупните цени се намалуваат. Годинава се очекува родот на пченица да биде околу 200.000 тони. Од сојузот на земјоделци бараат итна средба со премиерот.

„Бараме во почетокот на идната седмица да оствариме средба со нашиот премиер кој што доаѓа од село и ги знае селските маки. Со тие селски маки стигна до премиер. Да седнеме и да разговараме што понатаму. Ние не сме против тоа што Владата дава субвенции за текстилна и други индустрии, меѓутоа Владата мора да најди решение како ќе преживеат овие 190.000 семејства што се занимаваат со житни култури“, вели Вељо Тантаров од Сојузот на земјоделци.

Доколку оваа состојба не биде решена од сојузот на земјоделци велат дека површините засеани со пченица ќе се намалуваат, а тоа ќе доведе до уште поголем увоз на пченица и брашно во државата, односно ќе станеме увозно зависни за пченица која претставува основна храна во нашата држава.

Од МЗШВ велат дека со одлука на владата е распишан тендер за набавка на пченица кој трае до 15.08.2018 и дека е зголемено субвенционирањето и плус ќе дадат субвенција за секој регистриран откупувач од 1 денар за кг откупена пченица, доколку ја плати пченицата на земјоделецот до 15.12.2018.

https://www.facebook.com/tv21hd/videos/1311896218940579/

Јовица Пауноски | ТВ 21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното