ВИДЕО Се огласија новинарите на ТВ21: Еве што точно разговарале со МВР и АНБ

Вечерва во полициската станица во Центар, на информативен разговор биле повикани главниот уредник на ТВ21, Ерол Шакири и новинарот и уредник на вести, Јовица Пауноски.

Тие биле на разговор со МВР и Агенцијата за национална безбедност откако летале дрон кој тежел повеќе од предвиденото.

Вечерва тие снимија и видео во кое ја образложуваат причината поради која биле во станица.

Имено, се користело дрон при активна забрана, но истиот тежел 245грама, додека пак полицијата ги информирала дека законот е променет и оваа грамажа е намалена на 200 гр.

Тие велат дека соопштението за активната забрана за Штип и Кочани е добиено 10 минути откако веќе биле во полициската станица, по што добиле информација дека истото ќе биде надградено и ажурирано.

„Користевме дрон кој што е под 245 гр. кој со последните измени на законот кој што наводно биле донесени во месец јануари, тие законски параметри биле симнати и сега дрон може да се лета без посебна најава и дозвола само со 200 гр.“, додава Пауноски.

На ова се надоврза и Шакири кој нагласи дека ТВ21 секогаш работела по закон, и никогаш до сега не прекршила ниту еден.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното