Возило се запали на улица во населбата Пинтија, при што според очевидци, огнот целосно го зафатил автомобилот кој се наоѓа на средината на коловозот.
Засега не е позната причината за избувнување на пожарот, а нема информации ниту за повредени лица или загинати.
Надлежните служби се очекува да дадат повеќе информации во текот на денот.