Посетата на познатиот Октоберфест за многумина е сон, но факт е дека посетата на овој настан може да биде многу скапа.
Во ова се увериле и група пријатели кои биле шокирани од цените на Октоберфест.
Имено, по уживањето во храната и пијалокот, друштвото добило сметка која изнесува повеќе од 900 евра. По првичниот шок, тие размислиле да покажат доказ за високите цени на Тик Ток.
„Пченичното пиво е поевтино од обичната вода“, напиша девојката која ја објави сметката во видео на TikTok. Нивната сметка била 919,80 евра.
„Купени се две шишиња вода по цена од 10,90 евра. Две пченични пива на сметката чинат по 8,70 евра“, се наведува во видеото.
Дополнително, три порции риба и помфрит чинат 102 евра, додека две виенски шницли чинат 76 евра.
@jessie_2101 Inflation und so 🤣 #wiesn2023 #preise #oktoberfest #münchen #weinzelt ♬ Peter Pan – Julian Sommer & Mia Julia