Да не беа создавачите на содржина иднината јас немаше денеска да имам бизнис, немаше да постои Influencers.club, вели Никола Соколов во поткастот „Како да успееш од Македонија“.
„Сите пари кои се трошат на рекламирање ќе бидат префрлени на „content creators“. И со тоа се согласува огромен дел од светот“, вели Соколов кој е CEO на Influencers.club.
Соколов додава дека овој „бизнис“ може да се започне бесплатно, но со тоа не се согласува домаќинот на поткастот Иван Неделковски. Тој смета дека креирањето на содржина одзема многу време.
„Ако некој целосно се посвети на пример на поткаст и го третира како бизнис неизбежно е да правиме околу 5.000 евра месечно“, вели Неделковски кој исто така е успешен претприемач на Mvpmasters.
Неделковски додава дека за помалку од година откако започнал со поткастот, успеал да го монетизира. Но сите они кои размислуваат да почнат, треба да знаат дека достапна им е и монетизацијата од социјалните мрежи на пример Meta, која веќе започна за секоја ваша објава (статус, фотографија, видео…) да плаќа.