ВИДЕО Стара куќа се урна врз паркирани возила во Битола!

Вистинска среќа е што нема повредени во инцидентот кој денеска ја вознемири Битола, кога стара и руинирана куќа ненадејно се урна врз неколку паркирани автомобили.

Објектот, кој одамна бил во лоша состојба, попуштил под забот на времето, а врз возилата паднал голем дел од покривната конструкција и ѕидовите. На локацијата е причинета значителна материјална штета.

Сепак, овој настан отвори и друго важно прашање. Според првичните информации од терен, возилата биле паркирани на простор кој не е предвиден за таа намена.

Овој незаконски паркинг дополнително ја комплицира ситуацијата околу одговорноста за штетата, со оглед на тоа што автомобилите се наоѓале на непрописна локација во моментот на уривањето.

Надлежните служби извршија увид и се очекува чистење на шутот од улицата за да се нормализира движењето во овој дел од градот.