(Видео) Стоилковски: Дали невладината на Филипче е „изворот“ на инсулинот со кус рок?

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски денеска на прес-конференција обвини дека министерот за здравство, Венко Филипче директорува со невладина организација за донација на лекови со кус рок за држави од Централна и Источна Европа како и за државите од поранешниот Советски сојуз.  Ваквите донации, вели Стоилковски, компаниите донатори ги користат за ослободување од лекови со преостанат кус рок на употреба заради скапото понатамошно уништување, што би можело да се поврзе со распределбата на инсулин со кус рок во Македонија.

„Министерот Филипче мора да одговори дали е донација инсулинот со многу кус рок на важност распределен на пациентите кои што се на инсулинска терапија во Република Македонија?Дали невладината организација со која директорува Филипче е „изворот“ на инсулинот со кус рок поделен на пациентите? Колку чини уништувањето на инсулинот со кус рок по нивниот истек на рокот? Дали додека турка непотребен проект тежок 35 милиони евра буџетски пари, пациентите ќе се лечат со донации?“, прашува ВМРО-ДПМНЕ.

Опозицијата додава дека Филипче треба да одговори и дали додека е министер за, како што велат, Крвави тендери, се уште ја води и невладината организација и се грижи за донациите на лекови низ половина Европа и државите од поранешниот Советски сојуз, запоставувајќи го здравјето на даночните обврзници во Република Македонија.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ побара од Филипче да поднесе оставка или да биде сменет од министерската позиција.

Текстот (Видео) Стоилковски: Дали невладината на Филипче е „изворот“ на инсулинот со кус рок? е превземен од МАКФАКС.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.