ВИДЕО Стојанче Ангелов ги праша жителите околу Плачковица: Дали ќе ви смета ако ви ги донесеме мечките од Маврово-Ростуше?

Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов денеска беше меѓу жителите во предлогот на Плачковица.

Тој со мештаните разговараше за идејата, мечките од Маврово-Ростуше да се уловат живи, успијат и донесан во пределите на Плачковица.

Жителите велат дека берат тутун рано наутро, а дома ги оставаат бебињата сами да спијат.

„Се плашиме. Тоа не е добра идеја. Ќе го земе бебето ќе замине со се него“, вели еден од жителите.

Погледнете што мислат жителите од овој регион и дали би им сметале мечки во нивна околина.