ВИДЕО Support Кочани одбележува една година од своето постоење

Денес се одбележува првата година од основањето на иницијативата Support Кочани. Она што започна како идеја за помош, прерасна во активна организација која сеуште неуморно работи за подобрување на животот во Кочани.

Од Support Кочани истакнуваат благодарност до сите кои во изминатата година помогнале на засегнатите од трагедијата во градот, како и на сите кои ја поддржале организацијата и ѝ овозможиле да продолжи со својата мисија.

„Фала ви на сите кои на било кој начин помогнавте на засегнатите од трагедијата во Кочани. И на сите кои помогнавте Support Kocani да опстои“, стои во соопштението на иницијативата.