На протестниот марш во Кочани сведочеше девојка која била присутна во дискотеката „Пулс“ кога избувнал пожарот во Кочани каде што загинаа 62 лица, а над 150 беа повредени.
Таа вели полицајците кои биле присутни пред дискотеката „Пулс“ не мрднале со прст, само стоеле и гледале!
-Не можев да дишам, не можев воздух да земам. Полицаецот кој беше присутен само стоеше и гледаше. Го фатив за раката оди помогни, оди помогни извади деца помогни. Он само се фати за глава и се тргна. Никој со прст не мрдна, само стоеја и гледаа, ги молев помогнете помогнете, никој не помогна, вели девојката која била присутна во дискотеката „Пулс“.