ВИДЕО Украинската амбасадорка во очај – освен што не плачеше за време на пресметката Трамп-Зеленски

Она што се случи во Белата куќа меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот колега, Володимир Зеленски, е без преседан. Американскиот претседател ненадејно ја прекина нивната средба, а меѓународните медиуми настанот го протолкуваа како „бродлом“.

Карактеристично беше реакцијата на украинската амбасадорка во САД, Оксана Маркарова, додека Трамп и Зеленски си разменуваа… „комплименти пред камерите“.

Додека Џеј-Ди Венс во суштина го нарекуваше украинскиот претседател „неблагодарен“, а Доналд Трамп му велеше дека „си игра со Трета светска војна“, украинската амбасадорка ја наведна главата и одмавна со неа, видно разочарана од она што се случува меѓу двајцата претседатели.

Тоа беше толку непријатен момент што Маркарова за малку ќе прснаше во солзи, очигледно сфаќајќи што следува.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното