Стефан Димковски беше донесен во Кривичниот суд во комбилизон и со нова фризура. На новинарско прашање од порталот Скопје 1, дали чуствува вина и дали повторно би го возел Палчо, тој рече дека го возел на медицински прегледи.
Според обвинителството му помогнал на Палевски да не биде открирен за грабнувањето и убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, обезбедувајќи му превоз со автомобил.
-Сега осомничениот, по претходна комуникација и договор со сторителот кој се наоѓал во Република Србија, со возило „Ланд Ровер“ со струмички регистарски ознаки, сопственост на правно лице се упатил кон Белград.
Таму се сретнал со сторителот и заедно со возилото се упатиле кон границата на Србија со Бугарија – граничен премин Калотина.
Границата ја поминале на 02.12.2023 година, па движејќи се низ територијата на Р.Бугарија истиот ден пристигнале на границата со Турција, граничен премин Капитан Андреево, и влегле во Турција.
Таму биле заедно до 03.12.2023 година, по што сторителот останал, а сега осомничениот со возилото преку Грција се упатил кон државава каде бил приведен на граничниот премин Стар Дојран“, соопштуваат од ОЈО.