ВИДЕО Вучиќ збунето го бараше своето место на самитот во Данска, успеа да скрши стол

Српскиот претседател Александар Вучиќ, кој учествува на самитот на европските лидери во Копенхаген, повторно имаше проблеми со седнувањето, објавува Nova.rs.

На социјалните мрежи кружи видео од српскиот претседател, на кое се гледа како влегува во просторијата каде што се одржува самитот и каде што се сместиле сите присутни, освен него. Наместо да седне на своето место, Вучиќ се огледа наоколу како да не му е јасно од каде дошол или каде му е местото, или поточно, каде треба да седне.

Додека збунето се огледуваше низ собата, барајќи некој да му помогне, но никој не му притрча на помош, се обиде да седне на туѓ стол. Сепак, веднаш му беше кажано дека не може да седи таму бидејќи седиштето е зафатено.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.