Свет

(ВИДЕО) Вулкан на Филипините почна да исфрла пепел и отровни гасови

(ВИДЕО) Вулкан на Филипините почна да исфрла пепел и отровни гасови

Илјадници луѓе се евакуирани откако вулканот Мајон на Филипините почна да исфрла пепел и отровни гасови. Сеизмолозите соопштија дека во последните 24 часа е забележан најмалку еден земјотрес поради активноста на вулканот.

Филипинската цивилна одбрана соопшти дека повеќе од 12.800 луѓе, главно селани од базата на вулканот, биле преместени во центрите за сместување. Мајон е на околу 330 километри југоисточно од Манила и се смета за еден од најактивните вулкани на Филипините. Земјотресите и вулканската активност се вообичаени на Филипините, кои се наоѓаат во таканаречениот Огнен прстен на Пацификот, каде што се судираат тектонските плочи.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни