ЧОВЕК облечен како Дедо Мраз загинал кога паднал од балкон на 24 кат во станбена зграда во рускиот град Челјабинск.
Според локалните медиуми, мажот требало да слезе во дворот на детска забава и да подели пакетчиња.
На несреќата посведочиле деца и возрасни, кои биле собрани во дворот на зградата од која паднал мажот, пишува РИА Новости.
Видео не слабонервных.
Суровый Челябинск.
Дед мороз хотел эффектно спуститься с крыши.
Итог печальный. pic.twitter.com/hbDWcScOWP— Anri Tina (@Anri__Tina) December 22, 2023
На каналот Телеграм што ги следи настаните во Челјабинск, видео од човек облечен како Дедо Мраз се качува преку балконот на катна зграда, се држи за јаже, но во одреден момент почнува да се спушта и паѓа, пренесува „ Агенцијата РИА Новости.
Според информациите кои руската агенција ги добила од обвинителството, жртвата е родена 1974 година.
Се утврдуваат сите околности за овој инцидент.
Видеото можете да го погледнете ТУКА