ВИДЕО Запалена куќата на Пандов во скопско Зелениково – „смислен атак на криминалците!“

Запалена е куќата на директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов.

Истата е сместена во скопско Зелениково, а според Пандов се работи за смислен атак на криминалците.

„Ова е данокот за нашата борба за владеење на правото без калкулации?

Ова е цената за удирањето по мафијата!

Домот ми беше запален, и имам основано сомневање дека станува збор за смислен атак на криминалците!

Нема да не запрат и нема да не поколебаат.

Никој не е над законот!

Нема враќање назад кога се бориш за правдата. И кога ќе тргнеш против криминалот, тој се брани со насилство. Но ова нема да ме запре — напротив, само не зајакнува!

Очекувам институциите да го најдат и казнат сторителот. А јас и сите заедно ќе продолжиме таму каде што бевме — со уште поголема одлучност“, вели Пандов.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното