Кучето Дино од неодамна е новиот службеник на Меѓународниот аеродром Скопје.
Се работи за тригодишно куче од расата златен ретривер кој не е обично куче, туку Зен-куче, и има свои специфични задачи на „работа“.
Дино е обучен да дава позитивна енергија за патниците, односно да уживаат во моментите на релаксација со него пред да продолжат со своето патување, а истиот има свои сопственици кои му дозволуваат да „оди на работа“.
Ннеговото работно време е усогласено со периодите на најголемите полетувања од аеродромот.