ВИДЕО Земјотрес со јачина од 6,2 степени ја стресе Турција!

Земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди западна Турција, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки институт.

Епицентарот на земјотресот бил во Мраморното Море, на длабочина од шест километри, на 26 километри јужно од општината Силиври во провинцијата Истанбул.

Земјотресот се случил во 12:49 часот по локално време.

Според очевидци, земјотресот бил силно почувствуван во Истанбул.

Земјотресот е почувствуван и во Бугарија, Грција и Романија. Засега нема информации за евентуални штети или жртви. Турција често е цел на земјотреси, а на 6 февруари 2023 година јужниот дел на земјата беше погоден од вториот најсилен во историјата на земјата, со јачина од 7,8 степени.

Епицентарот на тој земјотрес бил на 37 километри северозападно од Газиантеп. Следуваше уште еден силен земјотрес во кој загинаа повеќе од 53.000 луѓе. И две години подоцна, се уште има десетици исчезнати, од кои најмалку 30 се деца.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното