Видеото од плажата на Јадранот ги згрози луѓето: „Ова е хорор!“

Добре Воде, малото заливче меѓу Улцињ и Бар на црногорското крајбрежје на Јадранското Море, се чини дека оваа сезона е апсолутен хит меѓу странските туристи.

И тоа не е добра вест. Така барем сугерира една објава на Твитер, каде еден корисник покажа колку е гужва. Видеото стана вирално.

„Нема начин да се доближиме до водата. Прегазувате луѓе и крпи. Наезда на жолти мравки…“, напиша таа.

Иако е тешко да се процени од каде се упатиле сите овие луѓе на плажа, факт е дека оваа сцена целосно ја уништува идејата за идиличен одмор и уживање на плажа.

„За мене ова е толку ужас. Мислам дека не би можел да останам овде пет минути. Сепак би нашол некоја дива плажа, ова е хорор“, беше коментарот кој собра најмногу лајкови на корисниците.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното