ВИДЕО „Пристигнав во Москва“, објави Милорад Додик од Русија во видео порака по неколку дневен молк

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, за кого судот на БиХ објави централна потерница, пристигна во Москва, од каде преку видео порака преку мрежата Х се обрати до јавноста.

„Пристигнав во Москва. Секој престој овде го започнувам со посета на Споменикот на непознатиот војник за да им оддадам почит на 28 милиони Руси кои загинаа во Втората светска војна. Ќе бидам повторно овде на 9 мај на покана на претседателот на Руската Федерација Владимир Путин за да ја одбележи 80-годишнината од победата над фашизмот“, напиша Додик и објави видео.

Како што јави N1 Сараево , покрај Додик, потерница е распишана и по Ненад Стевандиќ, претседателот на Народното собрание на РС и Радован Вишковиќ, премиерот на РС. бидејќи се осомничени за напад на уставниот поредок на БиХ.

Се уште се чека одлуката на ИНТЕРПОЛ за црвена потерница за Додик и Стевандиќ кои влегоа и излегоа од БиХ. Стевандиќ бил во Белград, а потоа се вратил во Бања Лука, додека Додик бил на релација Бања Лука-Белград-Израел пред да отпатува за Москва.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното