Деновиве, по спектакуларното издание на Мет Гала, Ким Кардашијан е една од главните теми во странските медиуми, но сега се враќа најтешкиот дух од нејзиното минато – интимно видео кое ја прослави.
Да потсетиме, пошироката јавност за прв пат го слушна името на оваа убавица откако во 2007 година се појави видео од секс меѓу Ким Кардашијан и раперот Реј Џеј, пишува Glossy.
Кардашијан поднела тужба против Vivid Entertainment која го објавила ова видео со наслов „Ким Кардашијан, суперѕвезда“, а потоа се откажала од тужбата и се задоволила со пет милиони долари и дозволила компанијата да го сподели видеото.
View this post on Instagram
Оттогаш нејзината кариера вртоглаво порасна, а денес Ким е милијардерка, ријалити ѕвезда, бизнисменка, дизајнерка, муза на многу креатори, „прва дама“ на шоу-бизнисот…
Ким Кардашијан и нејзината мајка Крис Џенер со години ги отфрлаат тврдењата дека зад се стои „мајката“ Крис и истакнуваат дека Реј Џеј е тој што го изнел видеото на виделина. Тој денеска вели – лага!
– Никогаш ништо не сум објавил. Во животот никому не сум дал снимка од мојот секс. Тоа никогаш не протече – тврди Реј Џеј.
View this post on Instagram
Раперот истакна дека се било договор меѓу Ким Кардашијан, Крис Џенер и него.
– Тоа отсекогаш бил договор меѓу Крис Џенер, Ким и мене, секогаш сме биле партнери, од почетокот на сето ова – вели тој.
Раперот тврди дека ја поттикнал Ким да го објави нивното интимно видео откако виделе како нејзината пријателка Парис Хилтон станала популарна по нејзиното домашно видео.
Реј Џеј, кој беше во врска со Ким од 2003 до 2006 година, додава дека ја убедил Кардашијан да и каже на мајка си да даде видео за Vivid Entertainment и дека Ким и тој потпишале договор за три видеа. Но, излезе само една, онаа направена во Мексико, која потоа ја виде цел свет.
– Седам во сенка повеќе од 14 години, им дозволувам на Кардашијан да го користат моето име, да заработат милијарди долари деценија и пол, да зборуваат за тема за која никогаш не сум зборувал – вели Реј Џ.
Згора на тоа, раперот, чие вистинско име е Вилијам Реј Норвуд Јуниор, вели дека „никогаш немал снимки кај себе“ за време на нивната врска и дека Ким ги чувала сите во кутија со патики под креветот.
Тврдењата дека го објавил ова видео ги нарече „најголемите лаги во историјата на забавата“.
