Владата денеска решава за разрешување на државниот јавен обвинител Коцевски

Предлогот за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, денеска ќе се најде на седницата на Владата, и се очекува истиот да биде усвоен.

Како што претходно соопшти премиерот Христијан Мицкоски, постапката може да трае неколку недели, па дури и месеци.

„Ние како Влада не може да го разрешиме, туку да ја почнеме постапката. Треба да се испрати дописот до Советот на јавни обвинители, па таму во рок од 15 дена да чекаме мислење. Ќе потрае оваа процедура, таков е законот“, рече Мицкоски.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното