Владата го разреши, Пауновски порача: Простете им не знаат што прават

Владата на денешната седница го разреши директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски, откако тој прими 35 рамковни вработени кои му беа упатени за вработување, заради несоодветни квалификации.

„Ова за мене беше очекувано, можам само во духот на празниците да порачам: Простете им, не знаат што прават. Криво ми е што само меѓу мене и премиерот немало никаков конфликт ако имало конфликт, бил со шефот на кабинетот на вице-премиерот Груби околу распределбата на рамковните вработувања” – изјави за Телма, Стојко Пауновски.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното