Владата утре ќе разгледува мерки за високите цени

Владата утре ќе разгледа можности за ограничување на цените на одредени производи. Министерството за економија и труд примило предлози од трговците за ограничување на маржи и намалување на цените на основни прехранбени производи.

Стопанската комора на трговци доставила предлози за ефективни мерки за намалување на цените, по одржан состанок во петокот со Министерството за економија и труд. Трговците побарале намалување на цените на 100 до 200 основни производи, бидејќи првичната формула со 1.000 производи не донела значително намалување.

Министерството информираше дека конечната одлука ќе биде донесена до крајот на неделава. Претходно, Владата ја задолжи Министерството да подготви Предлог-одлука за ограничување на бруто профитната маржа на 10% за основни прехранбени производи, средства за хигиена и бебешка храна. Оваа одлука се темели на извештајот на Државниот пазарен инспекторат, кој открил високи маржи на овие производи.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното