Влегол во полно кафуле и фрлил граната, најмалку 12 повредени

Дванаесет лица се повредени откако граната била фрлена во кафуле во југоисточниот француски град Гренобл, соопштија властите во средата.

Напаѓачот влегол во кафулето, кое било полно со луѓе, фрлило граната, а потоа побегнал без да каже збор, изјави обвинителот Франсоа Туре-де-Курси.

Инспекторите се уште не го знаат мотивот, но не веруваат дека станува збор за терористички напад, пишува Гардијан. Судијата Кристоф Барет рече дека напаѓачот, исто така, се чини дека носел автоматска пушка калашников, но не ја користел. Неколку ранети се во критична состојба.

„Најостро го осудувам овој криминален чин на екстремно насилство“, напиша градоначалникот Ерик Пиол на X, заблагодарувајќи им се на службите за итни случаи за нивната работа.

Полицијата потврди дека експлозијата била предизвикана од фрлена граната.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното