Декември пристигнува, а со него и почетокот на божиќните маркети за оваа година.
Десетина европски градови се подготвени да заблескаат во празничен сјај, благодарение на традиционалните божиќни пазари кои секоја година привлекуваат илјадници туристи.
Доколку планирате кој магичен божиќен маркети да го посетите оваа зима, 4NEWS.MK ви носи листа со датуми на траење на секој маркет:
Датум на траење на секој од маркетите:
ТРИКАЛА, Грција – од 29 ноември 2024 до 5 јануари 2025
БУДИМПЕШТА, УНгарија – од 17 ноември 2024 до 1 јануари 2025
ПРАГА, Чешка – од 30 ноември 2024 до 6 јануари 2025
БРИСЕЛ, Белгија – од 29 ноевмри 2024 до 5 јануари 2025
ВИЕНА, Австрија – од 11 ноември 2024 до 26 декември 2024
ЗАГРЕБ, Хрватска – од 30 ноември 2024 до 7 јануари 2025
КОЛМАР, Франција – од 26 ноември 2024 до 29 декември 2024
СТРАЗБУР, Франција – од 27 ноември 2024 до 27 декември 2024
МЕЦ, Франција – од 24 ноември 2024 до 30 декември 2024
БАЗЕЛ, Швајцарија – од 28 ноември 2024 до 23 декември 2024
ЕДИНГБУРГ, Шкотска – од 18 ноември 2024 до 5 јануари 2025
ДРЕЗДЕН, Германија – од 27 ноември 2024 до 24 декември 2024
ГДАЊСК, Полска – од 22 ноември 2024 до 23 декември 2024
КРАКОВ, Полска – од 24 ноември 2024 до 1 јануари 2025
ЛОНДОН, Обединето Кралство – од 18 ноември 2024 до 1 јануари 2025
РИГА, Латвија – од 30 ноември 2024 до 2 јануари 2025
ТАЛИН, Естонија – од 22 ноември 2024 до 27 декември 2024
КРАЈОВА, Романија – од 15 ноември 2024 до 5 јануари 2025
Потопете се во новогодишната магија и дозволете да ве понесе празничната еуфорија. Уживајте во шармот на божиќните маркети, вкусете традиционални специјалитети, било да се тоа слатки или солени деликатеси, загрејте се со чаша греено вино, топло чоколадо или чај со рум. Не заборавете да купите уникатни, рачно изработени украси и колачи, а уживајте во прекрасната дневна и ноќна атмосфера, обележана со милиони блескави светилки.