ВМРО-ДПМНЕ: Кога ќе се обедини двојната неспособност на Арсовска и на Владата на ЈСП, се случува банкрот на ЈСП

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска преку соопштение врлат дека додека владата и градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска си ја префрлаат топката кој е виновен, скопјани страдаат.

„Денес штрајкот во ЈСП е последица на двојната неспособност на владата и на Данела Арсовска.

Нивната коалиција се гледа и во гласањето во градот Скопје, каде СДС, дел од крилото на ДУИ беа против итноста на седница каде ќе се префрлат пари за вработените во ЈСП. Против тоа беше и неспособната медарка Данела Арсовска.

Тендер коалицијата Арсовска СДСМ го упропастуваат градот.

Навистина е жално што трпи град од 600 илјади жители.

Жално е што гледаме како претпријатие по претпријатие нешто што со години е градено оди во неповрат“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното