Од ВМРО-ДПМНЕ и вратија на реакцијата на екс градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.
Тие велат дека колку се поблиску до правдата, толку повеќе Данела Арсовска ќе е бучна и нервозна.
„И посакуваме да се надмине себе си и да ги победи своите стравови и болки. Борбата со таквите демони не е лесна, и и посакуваме среќа. Исто како и со соочувањето со правдата за хаосот што го остави зад себе, кој е неодминлив процес.
Видовме дека подобро и поинакво Скопје може да функционира. Сите надлежни институции мора да се посветат на цунамито кое го остави Данела Арсовска“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.