ВНИМАВАЈТЕ: Се појави опасност на грчките плажи – ги има насекаде, а каснувањата се болни

На грчкото крајбрежје деновиве се појавија опасни медузи, чие убод освен што гори, предизвикува и здравствени последици.

Токму поради тоа на многу плажи се поставени црвени знамиња со кои беше означена забраната за влез во вода.

Се работи за виолетовите или пурпурните медузи кои, според сите проценки, не се безопасни и се чини дека претставуваат нова опасност по коронавирусот за туристичкото лето во Грција.

„Тоа е опасен вид на медуза, каснувањето е болно, остава трага како изгореница, тешко се измива. Може да предизвика тахикардија, плускавци на телото, повраќање, дијареа кај луѓе кои имаат други проблеми“, рече за српската ТВ Прва, дописничката на „Политика“ од Атина, Јасмина Павловиќ Стамениќ.

Што ако виолетова медуза ве касне на море: Еве неколку корисни совети за прва помош

Со големина од околу 10 сантиметри со долги пипала, овие медузи, иако карактеристични за Шпанија и Италија, се намножија и стигнаа до Јонското и Егејското Море, а според експертите можно е да се појават и во Јадранското Море.

„Бараат потопло море, се хранат со планктони, а се појавуваат на период од 10 години. Досега океанолозите успеаја да ги лоцираат, но сега водните струи носат и не знаат каде ќе се појават следно. Моментално ги зафатија двете страни на Атика, отидоа кон Јонос, кон Пелопонез. Не се знае кога ќе отпловат. Проблемот е што се проѕирни и розови, па не ги гледате“, изјави Јасмина Павловиќ Стамениќ.

Според неа, грчките медиуми секојдневно предупредуваат за овие медузи, а во случај да се изгорите, препораката е – брзо плакнење со морска вода, ставање мраз, сода бикарбона.

На организираните плажи има црвени знамиња кои ги предупредуваат капачите на нивното присуство, се обидуваат да ги соберат со мрежи, но и тоа не е сигурност.

„Треба да се биде внимателен бидејќи со брановите можат да стигнат до брегот. Водните струи ги носат во сите правци – и во Егејското и во Јонското Море, а наскоро треба да се очекуваат и во Јадранското Море, иако водата е постудена“, предупредува Јасмина Павловиќ Стамениќ.

За тоа што доколку ве касне медуза прочитајте ТУКА!