Македонија

Во 2008 година беше фатен со дрога во Албанија, а денеска МВР го приведе за да оди во затвор

Во 2008 година тројца стружани беа уапсени во албанскиот град Драч поради шверц со дрога. Во автомобилот марка „Голф“ со кој се превезувале биле пронајдени 4,2 килограми хероин.

На 29.09.2021  полициски службеници од СВР Охрид – Одделение за внатрешни работи Струга го лишиле од слобода И.Н.(54) од струшкото село Велешта, кој се барал по распишана потерница од Основниот суд во Струга, за издржување на казна затвор од 13 години.

И.Н. бил спроведен во Казнено – поправната установа Затвор „Идризово“ во Скопје за издржување на затворската казна.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни