Во Берово кочан ладно, измерени -10 степени

Утрово најстудено е во Берово каде се измерени -10степени.

-8 степени има во Крива Паланка, Попова Шапка, -6 во Велес, -5 во Штип, Скопје-Петровец, -4 во Маврови Анови, Струмица, Крушево, Виница, Скопје-Зајчев Рид, -3 во Битола, Кавадарци, -1 во Прилеп, Охрид, 0 во Претор и 2 во Гевгелија.

Снежната покривка на Попова Шапка изнесува 31 см, додека на Маврови Анови таа е 13 см.

Наутро студено, преку денот умерено до значително облачно. Попладне и кон крајот на денот претежно во западните и источните планински региони ќе има појава на повремен слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9 степени.

Во Скопје утрото студено, во текот на денот променливо облачно со кратки сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 9 степени.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното