Македонија

Во казино во Кисела Вода: Активирани противпожарни апарати, повеќе лица завршиле на Клинички

Во казино во Кисела Вода: Активирани противпожарни апарати, повеќе лица завршиле на Клинички

Неколку лица завршиле на лекарска помош по инцидент што рано утрово се случил во казино на подрачјето на Кисела Вода во Скопје.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, настанот бил пријавен во 02:35 часот. Две лица ги вознемирувале гостите во објектот, а едниот од нив фрлил мобилен телефон кон жена, но не ја погодил.

Според пријавеното, лицата оштетиле и дел од инвентарот во казиното, по што активирале противпожарни апарати.

Поради проблеми со дишењето, неколку гости и вработени биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде им била укажана лекарска помош.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Ноќно студио

Најнова епизода

Герасимовски за „Барутана“, „Треска“, Платформа 12:05 и поделбите во СДСМ | Ноќно студио 20.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни