Во овој стан од 6.3 милиони евра може да живеете бесплатно, но има еден услов

Двајца мажи објавиле оглас во кој бараат цимер со кој ќе можат да разменуваат идеи за технологија и бизнис.

Недвижнините во Лондон се многу скапи, но еден среќник ќе може да живее сосема бесплатно во стан вреден 6.3 милиони евра. Но, секако, постои една „цака“…

Огласот е објавен на сајтот SpareRoom, а во него пишува дека двајца мажи бараат цимер во својот пентхаус во Лондон голем 371 метри квадратни. Новиот цимер не треба да плаќа станарина бидејќи, како што велат, не им се потребни пари после продажбата на две технолошки компании.

Ако ве интересира технологијата и ви се допаѓа она што го нудат овие момци, можете да се пријавите. Постојат само две правила: нема пушење и повеќе домашни миленичиња, бидејќи таму веќе живееле две чивави.

Секако, никој не гарантира дека огласот не е лажен, но бидејќи доби големо внимание на интернет, многумина коментираат дека момците всушност бараат „човечко милениче“…

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното