Во Приштина потпишан договор, Македонија и Косово ги признаа возачките дозволи

Министерот Оливер Спасовски и министерот за внатрешни работи на Република Косово Екрем Мустафа, во Приштина потпишаа Договор за реципрочно признавање на возачките дозволи меѓу Македонија и Косово и Меморандум за соработка од областа на внатрешната контрола.

Двете држави реципрочно ќе ги признаваат возачките дозволи на возачите кои имаат законски престој на територијата на едната или другата држава. Воедно, граѓаните кои имаат регулирано престој ќе можат, без обврска за полагање теоретски и практичен дел од возачкиот испит, да ја заменат својата возачка дозвола за возачка дозвола од истата категорија и поткатегорија на другата држава.

При исполнување на ова свое право граѓаните ќе треба да ја почитуваат административната процедура согласно пропишаните национални законодавства на двете држави.

Ваков договор пред неколку месеци беше потпишан со Германија, а претходно и со Итлија, Шпанија, Албанија, Србија, Босна и Херцеговина.

Извор: ТВ21