Во сабота „Марш на ангелите“ во Скопје – „Не бараме милост, бараме да ни се придружите во борбата за правда“

Во сабота (15 март) родителите на жртвите од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани најавија уште еден протестен „Марш на ангелите“.

Овој пат наместо во Кочани, истиот ќе се одржи во Скопје.

Почетокот е закажан за во 12:05 часот на плоштад „Македонија“, од каде ќе продолжи пред Собранието, а ќе заврши пред Основниот Кривичен суд.

„Нашите деца умреа на 16 март. Шеесет и три деца кои никогаш повеќе нема да ги видиме. Не бараме од вас милост, бараме да ни се придружите во борбата за правда, затоа што нашите деца го заслужуваат тоа. Маршираме за вистината. Болката е наша, но борбата е за сите нас. Ни треба ваша поддршка“, порачаа родителите.