Прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри е дефиниран со „Уредбата за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели” (Службен весник на Република Македонија бр. 183 од 14.12.2017 година). Тој се прогласува кога имаме надминување на вредноста од 150 mg/m 3 во текот на два последователни денови и добиена временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи.
Во моментот имаме надминување на праг на алармирање само во Струмица. Согласно Уредбата, во Скопје треба на најмалку две мерни места да има последователно 2 дена со среднодневна концентрација на РМ10 над 150 микрограми на метар кубен. Моментално само на мерното место во Лисиче има последователно 2 дена. На мерното место во Центар само на 07.01 е измерена среднодневна концентрација над 150 микрограми на метар кубен и поради тоа не е исполнет условот на прогласување на аларманта состојба на ниво на Град Скопје, велат за 4NEWS.mk од Министерството за животна средина.
Скопје повторно најзагаден град во Европа, четврт во светот!