Во Собрание заседава Анкетната комисија за Онкологија – Спасовски и Сали ќе се обратат пред пратениците

Во Собранието заседава Анкетната комисија за скандалот со Онкологија. Пред пратениците свои образложенија и детали ќе споделат министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и поранешниот министер за здравство Беким Сали.

Комисијата беше формирана откако во јавноста беа објавени серија на текстови за нерегуларности на Клиниката за онкологија, а епитетот скандал случајот го доби откако беше објавено дека дури живи луѓе биле запишувани како болни од рак со цел терапијата да заврши на црниот пазар.

Министерот за внатрешнир работи вчера во интервју за 360 степени рече дека има голем број на докази за овој слуачај, откако пред повеќе од еден месец полицијата упдна во Клиниката и собираше доказен материјал.

„Има докази, дека доказите се во јавното обвинителство, дел од тие докази се уште се вештачат, одземени се голем број материјали, голем број електронски уреди, сите тие материјали се отстранети од електронските уреди. . Вештачења во Министерството за внатрешни работи од областа на електронската опрема, вештачења со медицинска документација – да вршат медицински експерти. Очекувам сите тие факти и аргументи да се докажат, да се обезбедат и врз нив конкретно да се утврди вината, бидејќи виновникот секогаш има име и презиме и мора да биде изведен пред лицето на правдата“, рече министерот Спасовски.

Во меѓувреме секој понеделник пред зградата на Владата се одржуваат протести кои се организирани од поединци кои имале врска со Онколгија.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното