Денеска во Србија е трет ден на жалост поради масовното убиство во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград, каде на 3 мај, седмоодделенец К.К со истрели од пиштолот на татко му уби осум ученици и чувар и ранил шест ученици и еден наставник.
Како што соопшти владата на Србија, ОУ „Владислав Рибникар“ на главниот влез се уште има книга на жалост во која граѓаните можат да се пријават од 10 до 15 часот.
Ден по тоа масовно убиство, на 4 мај, во вечерните часови во околината на Младеновац и Смедерево, У.Б.(21) со истрели од калашникови уби осум, а рани 14 млади лица.