Македонија

Во тек е третата трансплантација на срце во историјата на нашата земја

Министерот за здравство Венко Филипче соопшти дека од утрово започна процесот за третата трансплантација на срце во историјата на нашата земја.

„Во тек е експлантација на срце која ја прават колегите кардиохирурзид-р Марјан Шокаровски, д-р Васил Папестиев и д-р Никола Христов, откако претходно колегите од Клиниката за урологија д-р Сотир Ставридис, д-р Александар Трифуновски и д-р Виктор Станков ја завршија експлантацијата на бубрези, по што ќе следи трансплантација на органите кај пациенти. Да се надеваме на успех и да им држиме среќа“, напиша Филипче на Фејсбук.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни