Во тек голема полициска акција во Прилеп, претреси на повеќе локации поради злоупотреби!

Во Прилеп денеска во тек е голема полициска акција.

Според информациите, се вршат претреси на повеќе локации.

Неофицијалните информации велат дека акцијата е организирана по налог на Обвинителството, а врз основа на сомневања поврзани со пријава за можни злоупотреби во Општата болница со проширена дејност во Прилеп.

Претреси, наводно, се извршени и во домовите на Александар Спирковски попознат како Џемо, Кети Смилеска и Влатко Петрески

Јавноста беше информирана за овие злоупотреби од актуелното раководство во оваа институција.