Oсновното јавно обвинителство поднесе барање за притвор за осум лица по повод страшната трагедија во Кочани.
Засега листата на осомничени не е проширена. Според информациите, дел од осомничените се починати, а дел од нив се со тешки повреди во болница.
„Во тек се рочишта за определување притвори, бројката засега е иста од последната информација синоќа. Во текот на денот ќе известуваме за други дејствија кои се преземаат“, велат од ЈО.